Плишот како материјал не царува само со модната сцена, сега во кадифе може да го облечете и домот и да постигнете гламурозен ефект во ентериерот. Без разлика дали е на тросед, отоман или фотелја, плишот изгеда елегантно, често женствено и ја трансформира просторијата додавајќи топлина, удобност и луксуз. Но, треба внимателно да се бираат плишани елементи за домот, доволно е едно парче, спорадична употреба на детали, бидејќи ако претерате ќе постигнете нападен и кичест изглед.
Нема коментари