Покрај вештината, знаењето, трудољубивоста и професионалната компетенција, за успех на работното место подеднакво важен е впечатокот што го оставаме во комуникацијата со партнерите и соработниците. Однесувањето и облеката, грижливо смислениот стајлинг и уредните фризура и шминка се првите работи што другите кај вас ги забележуваат, затоа внимавајте на изгледот.
Еве една идеја за стајлинг доколку сте во професија што бара класичен дрес-код, но не сакате да бидете униформирани и монотони. Забележуваме дека се задоволени неколку деловни елементи како панталони, кошула, убава чанта и салонки, но се интерпретирани на малку непредвидлив начин. Панталоните привлекуваат внимание со необичните фалти, кошулата е со интересен принт за да се разигра монохроматскиот стил, а џемперот е украсен со светкави камчиња со што се избегнува класичниот тон на комбинацијата.
Нема коментари