Со реси во разни впечатливи бои обетките од новата колекција на „Зара“ имаат тенденција да станат новиот statement детаљ на сезоната. Ова парче од колекцијата за есен 2017 брзо стана хит на социјалните мрежи. На блогерката @alma_chillout толку ѝ се допаѓаат, што е фотографирана со повеќе обетки во овој стил.
Она што впечатливите ѓердани беа пред неколку сезони, сега се крупните обетки кои имаат моќ да ја подигнат целата модна комбинација. Во црвена и тиркизна, зелена и виолетова, ресестите обетки на „Зара“ се прикладни за оние стајлинзи кога имаме чувство дека недостасува само една работа – вистински моден детаљ.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари