Впечатливите обетки, кои се дел од понудата на актуелните колекции на светските брендови, ќе добијат и летно продолжение, со раскошни и лесни за комбинирање модели. Станува збор за обетките со реси кои се совршено бохо дополнување на изгледот во топлите денови. Ноншалантниот и лежерен летен имиџ, со лелеави кошули, блузите со голи рамена, топ со карнер, белите фустани со тантела , и комбинациите со кимоно-наметки летово ќе бидат заокружени со уникатни и колоритни обетки со врвци. Омилените high streer брендови како „Манго“ и Зара“, како и етикетите за урбани и достапни парчиња накит како Parfois, веќе преставија неколку интересни дизајни во своите линии за пролет -лето 2017, кај кои врвците се комбинирани со бисери, металик делови, циркови, како и позлатени или сребрени основи.
Нема коментари