Американскиот дизајнер Ралф Лорен овој септември на Њујоршката модна недела прикажа колекција за тековната сезона есен-зима 2019, наместо како што е вообичаено, колекција една сезона однапред. Ралф се држи за својата проверена формула за класична елеганција, овојпат позајмувајќи инспирација од џез ерата. На ревијата во Ralph’s Club, прикажа разни верзии на „смокинг“ креации, вечерни и фустани со светки, црно-бели комбинации помешани со модели во интензивни бои како црвена, жолта, сина и пурпурно виолетова.
Нема коментари