Во пресрет на новогодишното славење сите сакаме да го украсиме домот, повеќето сакаат да постигнат раскошна новогодишна бајка со елка, многу лампиони, сијалички, светкави ленти, дедо мразовци, разни божиќни орнаменти… Но, постојат и такви кои што сакаат суптилно украсување и наместо елка во домот ќе постават гранка накитена со новогодишни мотиви или дрвени прачки на кои ќе наредат украси (лампиони, шишарки, хартиени орнаменти, па дури и исушени парчиња од портокал). Еве неколку идеи за поинакво празнично украсување и скоро сите можете само да ги направите.
Нема коментари