Каков фустан да одберете за празничните забави ако имате нагласени облини, но сакате да облечете нешто модерно и трендовско и да се чувствувате удобно цела вечер?! Модниот свет се отвори повеќе кон модата со поголеми конфекциски броеви, нудејќи им и на жените и девојките со облини голем избор на свечени комбинации.
Стилови кои ласкаат на женската силуета со облини се фустани со преклоп и со кимоно ракави, а посебно одговараат моделите кои се сечени или насобрани под градите и потоа паѓаат слободно надолу, покривајќи го стомакот како дел кој најмногу им пречи на жените кои се со плус-величини. Други делови кои жените сакаат да ги сокријат се горниот дел од рацете и колковите, па затоа постојат креации кои стратешки ги покриваат.
Следнава листа од 15 фустани нуди примери се прикладни за девојки и жени со облини, но тоа се креаиции на кои не им недостасува моментот на стил – тие ги следат актуелните трендови на плиш, тантела, проѕирен дел, бисерни топчиња, кимоно-модел, и се разбира, пулејки како вообичаен елемент на свеченото и новогодишното облекување.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари