Во деновите пред новогодишното празнување повеќе домашни автори на накит, модни парчиња, уметнички слики, играчки и други ракотворби ги нудат своите творби на разни настани, еден од нив е Новогодишниот базар кој се одржува во Градски Трговски Центар во Скопје. Базарот сместен на приземјето во ГТЦ ќе трае 31 декември, а на штандовите на 20-тина наши креативни ракотворци и артизани ќе најдете уникатни производи и подароци изработени со многу љубов и внимание, со кои ќе може да се израдувате себеси и најблиските.
На базарот ќе бидат изложени креативни производи со уметнички дизајн, меѓу кои плетени играчки, уметнички слики, уникатен накит од сребро, епоксидна смола, кристали, филигран, полудраги камења, персонализирани подароци, шољи и планери со интересни пораки, рачно насликани стаклени поризводи.
Ова се дел од креативците кои ќе ги исполнат штандовите со предновогодишна магија и ќе предизвикаат насмевка и позитивни вибрации кај секого – Валентина Стефановиќ – природен сапун и свеќи; Миле Василевски; Ма Луксузни сапунски; Ателе СИЕНА – епоксидна смола; Сточе Тоциновски-слики; Кристина Мауровска – полудеа ги камења; Jar Поповска; Елена Поповска; Дониа ма; Вельо; Мама Органа; Весна Зафировска; Маран Паеон; Марина Фарина; Арт студио С; Ружица со зимниците; Декорации МАриа; Сложни Брака-столарскипроизводи; Булка Мариа; Катарина Дода – филигран; Виорела – слики.од срма.
Нема коментари