Кога дизајнерот Оливие Рустенг пред неколку дена на својот Инстаграм профил сподели фотографии од Канје Вест, Ким Кардашијан, Алесандра Амбросио, Џоан Смолс и други модели, сите си помислија дека станува збор за новата кампања на брендот за кој креира „Балман“, но тие фотографии всушност се кадри од новиот спот Wolves на Канје. Спотот го режираше Стивен Клајн, додека во него покрај спомнати модели се појавуваат самиот дизајнер, пејачката Сиа која гостува во песната на Канје, потоа Синди Крафорд, Џордан Дан, Саша Лус, Ана Кливленд, Џон Кортахарена, Вик Менса, Сара Сампајо…
Нема коментари