Неколку месеци по раѓањето на своето прво дете, ќерката Роуз Дороти, холивудската актерка Скарлет Јохансон купи куќа, каде што сака да го стационира своето семејство. Станува збор за луксузен дом изграден во 40-тите години од минатиот век, за кој плати 4 милиони долари. Имотот е 3.500 метри квадратни, а се наоѓа во Лос Фелиз, Лос Анџелес. Имотот е добро обезбеден и заштитен од евентуални упади на папараци, овозможувајќи ѝ на актерката интимност со ќерката и својот тазе сопруг , Роман Дориак. Приземјето излегува на голем двор со базен, тераса со место за скара, спа за осум души и летниковец. На првиот кат исто така има балкон од кој се гледа цел Холивуд. Куќата има четири спални, исто толку големи бањи и две помали.
Нема коментари