Супермоделката Роузи Хантингтон-Вајтли и актерот Џејсон Стејтам, иако се Британци, неодамна купија имот на престижна адреса на Беверли Хилс, Лос Анџелес, по цена од 13 милиони долари. Новата куќа на Роузи и Џејсон од 520 метри квадрати има пет спални соби, повеќе купатила, изградена е во 80-тите години и е потполно реновирана, а на имотот постои гаража за осум автомобили, двор со маслинови дрва и базен. Во ентериерот преовладуваат бели и кафени бои и природни материјали, а се забележуваат и декор во етно-стил и природни референци.
Нема коментари