Неколку месеци пред да го донесе на свет своето прво дете, оскаровката Ен Хатавеј се поднови со нов дом во Њујорк. Новото семејно гнездо ја чини 2,55 милиони долари, а се наоѓа на Менхетн, близу Централ парк.
Станува збор за луксузно опремен стан со две спални соби, две бањи, кујна и голем хол за прием. Двете спални се осветлени со прозорци на покрив и имаат пристап до балкон кој е збогатен со цветен аражман. Во 1.200-те метри квадратни се врбоени и винарија, просторија за фитнес и удобно наместен дневен простор.
Зградата во која се наоѓа новиот дом на Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман е изградена 1902 година од семејството Кларк. (Семејството стои зад зградаат Дакота, од филмот „Розмариното бебе“).
Нема коментари