Компактниот SUV на Audi е прогласен за „најдобар меѓу најдобрите“ во категоријата надворешност на премиум бренд, а автомобилскиот гигант дополнително освои уште девет други награди во различни категории.
Новиот Audi Q2 ја освои престижната награда за најдобар дизајн на натпреварот за автомобилски бренд (Automotive brand contest). Компактниот SUV на Audi е прогласен за „најдобар меѓу најдобрите“ во категоријата надворешност на премиум бренд, а автомобилскиот гигант дополнително освои уште девет други награди во различни категории. Церемонијата за официјалното доделување на наградите ќе се одржи во Париз на 29 септември 2016 година.
Натпреварот за автомобилски бренд го организира Германскиот совет за дизајн и е еден од најпрестижните натпревари за дизајн во автомобилската индустрија. Audi Q2 ја заслужи главната награда со многуаголниот дизајн кој му даде нов аспект на дизајнерскиот јазик на брендот. Октогоналната широка решетка за воздух и високо позиционираната маска го дефинираат предниот дел на автомобилот. Структурата на решетката за воздух е варијација на полигоналната тема со оглед на тоа дека Audi Q2 има два големи нагласени отвори за воздух. Задниот дел на возилото го дефинира динамичната појава со долг спојлер и дифузер со заштита на подножјето.
Играта со полигоналните форми исто така создава атрактивен ефект и на страничните делови на Q2. Под прозорците линијата остро се спушта надолу, делејќи ги на два дела еден над друг, при што формираат површина со шест агли. Конкавната форма на крилата ги нагласува тркалата, а заедно со нив и Quattro карактерот на компактниот SUV.
- Kaj Audi Q2 развивме особен геометриски јазик на формата со специјално дизајнирани карактеристики специфични за овој модел. Како резултат на тоа, овој автомобил изразува независен карактер како дел од семејството Q на Audi – изјави Марк Лихтe, одговорен за дизајнот на Audi.
Нема коментари