Сопствената нега не подразбира само грижа за лицето и за одредени делови од телото, туку и внимание посветено на стапалата. Често пати ги изоставуваме, иако негуваните стапала претставуваат еден од императивите во убавината. Некогаш едноставно ни недостасува време за закажување и третман на педикир, па тука настапува Dr. Scholl со новиот револуционерен производ за домашна нега на стапатата, Velvet Soft, електричен апарат со дијамантски ролер кој за неколку минути ефикасно се справува и ја отстранува тврдата кожа на петите. Новиот производ на светски познатиот бренд со стогодишна традиција Dr. Scholl, беше денес беше претставен на утринска дружба со новинарите.
-Scholl е бренд кој што е пионер во најиновативните решенија за нега на стапалата и чии производи многу често претставуваат дури и медицински препарати. Комбинацијата на практичен пристап до честите појави на стапалата и напредните научни откритија, ги направија овие производи неопходни и задолжителни за секого, маж или жена и присутни во сечиј дом. Дополнителна предност на овие производи е што се дизајнирани за лесна и едноставна употреба, што уште еднаш го потврдува и последниот производ од лабораторијата на Scholl, апаратот Velvet Soft“ – изјави Елена Гагиќ од „Меркур Трејд“, официјален дистрибутер за Македонија.
Апаратот Velvet Soft е лесен и едноставен за употреба. Има дијамантски кристали и е многу лесен за користење, дури и повеќепати во денот. Според светските истражувања над 85% од луѓето го сметаат за многу покорисен од останатите производи, а 84% посведочиле дека е и пријатен за користење.
2 Коментари
Zosto nema cena na proizvodot scholl velvet soft?
Почитувана Росица, текстот е промотивен и во него не е наведена цената, но овој производ го има во поголемите маркети и парфимерии и чини отприлика 1.800 денари, Со еден ролер со дијамантски кристали може да се користи неколку месеци.