Модната трендсетерка Оливија Палермо и нејзиниот сопруг манекенот Јоханес Хуебл заедно настапуваат во промотивна кампања за луксузниот козметички бренд La Mer. Лансирана на 15 јануари, кампањата со Оливија и Јоханес e прва во која настапува љубовна двојка, како и прва глобална дигитална кампања за новиот производ Illuminating Eye Gel. Новиот производ за нега на делот околу очите е направен употребувајќи морски бисери и иновативни ферментирани состојки, а успешно се бори против процесот на стареење, стресот, заморот и штетните надворешни влијанија.
-Толку сум возбудена што со Јоханес учествуваме во новата кампања на La Mer. Долго време ја користам козметиката за нега на кожа на брендот и отсекогаш сум била голем обожавател. Верувам во науката зад ферментираните алги што се употребуваат во сите проиводи и уживам во мирисот на кремите кој за мене има смирувачко дејство – вели Оливија.
Три двојки ќе учествуваат во рекламната кампања на La Mer и во ексклузивната серија на видеа наречена Illumination Moment, по Оливија и Јоханес тоа ќе биде двојка од Париз и уште една од Сеул, кои наскоро ќе бидат откриени и за брендот симболизираат „модерна љубов“.
Нема коментари