Младата белгиска навивачка Аксел Деспигеларе преку ноќ стана славна за време на Светското фудбалство првенство откако беше фотографирана на трибините во Бразил како навива за својата репрезентација на натпреварот Белгија-Русија. Понатаму приказната е филмска – фотографиите на 17-годишната Аксел почнаа да се шират на интернет, ја забележале модните агенти на славниот козметички бренд L’Oreal и веднаш ѝ понудиле милионски договор за рекламна кампања. Се разбира, Аксел не размилуваше многу и за кратко време го прифати ангажманот кој лесно може да ја лансира меѓу светските топ модели.
Нема коментари