Кога пред извезно време на својот профил на Etsy ги постави своите рачно изработени сандали со помпом волнени топчиња, Гркинката Елина Линардаки започна нова глобална летна тенденција. Нејзините модели на гладијаторски сандали украсени со топчиња, ленти и врвки во јаки бои ја одушевија модната публика. За кратко време станаа најпопуларни сандали и предмет на илјадници Инстаграм фотографии. Линардаки сè уште прави интресни сандали, некои со нови елементи како бели врвки и стаклени топчиња, влечки во етно стил, со гумена платформа, камчиња во боја, тантела, школки и кожени врвки, а има свадбен модел со бели цветни украси.
Идеја како сами да направите сандали со помпом на овој ЛИНК.
Нема коментари