Жените кои работат во канцеларии со стриктен дрес-код често запааѓаат во стилска рутина и забележуваат дека облеката наменета за работа се трансформирала во униформа. Без разлика на строгите модни кодови за деловен изглед, секогаш може да вметнете неколку трендовски алтернативи кои ќе ја разбијат просечната и предвидлива канцелариска облека.
Удобноста е исклучително важна и нема ништо пострашно од тоа облеката да ве стега во текот на целиот работен ден. Оваа комбинација со преголеми, опуштени пропорции, нуди токму удобност на непредвидлив начин, но останува во доменот на професионален стил поради монохроматската палета.
Заменете го класичниот костим од сако и панталони со комплет од два посебни дела со ист дезен. На пример, лежерно палтенце и килот-панталони во дезен кој не е премногу нападен, а за помодерен изглед додадете лесни патика-еспадрили и омилената чанта.
Трендовските блузи со спуштени раменици сепак не се добра опција за во канцеларија. Но, може да изберете широка бела кошула, благо да ја раскопчате и да и подвиткате ракавите, и да ја смирите широката пророција со тесно молив-здолниште со декоративни елементи. Дополнете со необични салонки и квалитетна чанта.
Широки панталони и кошула како пролетна верзија на класичниот костим на пруги – модерно и инспиративно, можеби сепак идеја за работно место кое дозволува послободен деловен дрес-код.
Корпоративниот свет може да изгледа сиво и монотоно, но постои опција да го разведрите со инјектирање на бои во работната облека. Но, внимавајте да не претерате, доволно е едно парче со живописен, но не пренападен принт, остатокот од комбинацијата нека биде во една боја.
Нема коментари