Timberland, брендот со богато наследство, кој секогаш се стреми кон иднината и иновациите, оди уште еден чекор напред со колекцијата Flyroam – обувки специјално создадени за истражување на урбаниот пејзаж. Со авантуристичка природа, Timberland го носи духот на природата во градската средина преку современо дизајнирани обувки направени за оние кои не се плашат да одат по најпредизвикувачките патеки.
Flyroamја комбинира минималистичката естетика со модерен, андерграунд дизајн кој одлично се вклопува со карактерот на брендот. Лесни и слободни, Flyroam патиките се совршени за динамичното секојдневие на градскиот живот.
Вградената и патентирана AeroCore технологија овозможува баланс на тежината која паѓа на стапалото и зголемување на флексибилноста. Дизајнот кој е фокусиран на подобар перформанс го минимизира притисокот во моментот кога стапалото ја допира подлогата и преку специјален гумен меѓу-ѓон со специјално полнењеовозможува сосема ново искуство во креирањето на Вашите урбани приказни.
Харизматични и кул во секој детаљ, Flyroamсе стремат да бидат уште една од иконите на Timberland, а ги обожуваат оние кои сакаат да бидат лесни, брзи и слободни.
Нема коментари