Рачно насликани марами, колоритен накит од мониста, артистички модни додатоци, уникатна облека за актуелната есен-зима сезона се новите производи во концептуалната продавница Lotus Design Store. Дизајните на Билјана Каровска, Владимир Николиќ – Паун, Евгенија Петровска Вангелова со брендот „Гоблен“ и Инес Шабан, се новитетот во Lotus Design Store. Покрај ова, промотивно оваа зима брендот Lotus Lounge Chair ги пресоблече „Лотус“ производите во празнично руво – мек и топол текстил, кои ќе може да се купат по промотивни цени.
Билјана Каровска е ликовен уметник (графика) која по подолго екпериментирање во светот на текстилните материјали професионално отстапи место во своето ателје за рачно сликање на свила и текстил дизајн. Марамите на Каровска се изработени во повеќе различни техники: класично сликање на свила (silk painting technique), рачно печатење на ткаенини (printing and stencilling), tie-dye и нијансирање со чај. Материјалите во моменталната понудата се кашмир, свилен жоржет и памучен сатен. Секоја марама е уникатно парче. Мотивите се различни, од апстрактна игра и преливање на боите до конкретни и прецизни детали.
Владимир Николиќ – Паун по професија е графички дизајнер. Скоро пристигна во Македонија од Канада. Неговиот накит од мониста е изработен на различни начини (Peyote Stitch, Waterfall и Long Split Loom изработка на разбој). Фокусот на Николиќ се боите на етно шарите, па такаосвен Балканските етно шари, во неговиот накит се препознаваат и персиските, индиските и африкански мотиви. Често употребува полускапоцени камења како тиркиз и африканкси школки (Cowry shells).
Брендот „Гоблен“ на Евгенија Петровска Вангелова нуди широка понуда на модни додатоци –рачно изработени обетки во вид на копчиња, чанти и алки украсени со мониста, модерни додатоци со барокни елементи, итн. Одличната изработка на богатиот вез на производитеод брендот „Гоблен“ е препознатлива по благата театралност и симболика која дава можност да се надгради модниот стил. Во процесот на дизајнирањето на производите најчесто се користи свила, велур и плиш.
Инес Шабан е млада модна дизајнерка која со својата есен-зима 14/15 колекција дебитираше на десеттото издание на Модниот викенд – Скопје. Во широката палета производи од колекцијата, Инес даваинтересни решенија на ригите како моден дизајн. Својата колекција ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност”.
Брендот Lotus Lounge Chair овој месец лансира производи за домашна употреба, изработени од зимски текстил, кој се карактеризира со изразена мекост, топлина испособност да „дише“. Lotus Lounge Chair нуди неспоредлива удобност давајќи одлична поддршка на целото тело . Лотусовиот стандарден водоотпорен Деним, пак е траен и мултифункционален производ кој обезбедува исклучително мека и удобна поддршка на телото и кој може да се употребува дома или надвор. Производите за сега се достапни во две бои. Покрај целата оваа понуда, Lotus Design Store, кој се наоѓа на 2 кат во Скопје City Mall, за своите потрошувачи подготви празнични подароци -топли навлакиЛотус Елисе, но и многу други изненадувања.
1 коментар
многу ми се допаѓаат,продолжете со креациите,посебно со природната свила