Во присуство на многу познати личности и љубители на урбаниот стил, „Артурс“ отвори нов ексклузивен мултибренд салон во ГТЦ кој воодушевува со извонредниот ентериер, но и со новите брендови кои ги нуди. Ако до сега „Артурс“ беше синоним за CONVERSE, Dr.Martens и LOMER, сега со отворањето на новата продавница, асортиманот на брендови во Артурс се зголемува и со моделите на: Puma, Hummel, Saucony, Kappa и Reebok, но и лимитирана колекција на уникатни hand-made креирани модели од S.ignature.
Она што на прв поглед остава без зборови е комплетно новиот изглед на продажниот салон, каков што може да се види само во најголемите светски метрополи. Секое катче е уредено во духот на брендот кој гордо стои на полиците, во продавницата на две нивоа на приземјето во ГТЦ. „Stamp of Style“ е слоганот кој сега го дефинира стилот на уште поголем број купувачи од сите старосни граници.
На големото отворање за одличната атмосфера се погрижија ДЏ Гоце Саф, ДЏ Чваре, и ДЏ Страјк, а гости на забавате беа Бени Нон Стоп, Дени, Елена Стефановска, модни блогери и блогерки, но и многу пријатели и верни купувачи кои ја искористија пријатната атмосефера и промотивните цени за да го одбележат стартот на новата урбана приказна со името „Артурс“.
Оваа приказна започната од 1991 година со отворањето на новиот модерен мултибренд центар во срцето на градот уште од првиот ден донесе нова возбуда кај љубителите на урбаниот стил. Придржувајќи се до класиката, негувајќи го безвременскиот стил и следејќи ги глобалните трендови, Артурс претставува своевиден печат на градот.
Нема коментари