Фото: Мартин Пацов Саровски
Нела Тодоровска која твори под името Mariguccha креира мода неколку години наназад и е присутна на повеќето базари и поп-ап продавници кај нас, но и на регионалната дизајнерска сцена. Препознатлива пo современ и поавангарден израз и деконструкција на кроевите, Нела во исто време ги сака перформансите, спојот на уметноста во нејзината мода, креира костими за театар и за филм, а последната колекција за есен-зима 2016 ја претстави во Белград. Новите креации сега може да се најдат во белградската концептуална продавница „Градстор“.
-Колекцијата ја претставив во КЦ Град во Белград, овој пат ја претставив на саем за мода, ако можам така да го наречам. Повеќе модни креатори ја претставуваат својата нова модна колекција која и воедно е и продажна.
Претстави ни ја колекцијата за есен-зима 2016 со зборови…
-Овој пат се сконцентрирав и дадов повеќе значење на машкоста во однос на кројот, горните парчиња се во широки силуети без нагласок на половината, прави, пуштени и доста долги. Една копарација на строги кроеви со завршни неподрабени краеви и суптилно незабележливо изработени краеви. Употребив чиста волна и проѕирна свила, со што доаѓа со судир на тврдината и нежноста на материалите. Има дупли јаки кои излагаат од самиот крој на ранглам ракавот и продолжуваат во шал, скриени џебови, ткаени материјали вметнати во самиот крој на суптилен начин со модерна техника на сечење. Боите овој пат се јаки, црната не ја оставам да дише, таа е тука за мене… Си играв со многу јаки бои, почнувајќи од лимон-жолта, па сè до љубовна циклама, сивата ја земав како основа, а кафената да даде малку стабилност.
Во моментов колекцијата е на проджба во Белград во „Градстор“, па малку околу изгледот и концептот на продавницата?
-Градстор има концепт на изложува модни колекции од модни креатори од цел свет, тие самите прават селекција и се држат до строго минималистички и модерен стил на излгед на продавницата и облеките во неа. И не само тоа, па кога ќе влезеш те понудуваат со ракиичка за добро дојде во овие ладни денови, и енергијата е многу домашна и те прави да се опуштиш и на раат да си гледаш и пробуваш работи. Топлина и позитива ти понудуваат со самото влагување внатре… Истото се случува и во Букурешт, Романија, таму исто изложувам во концептуални продавници кои се повеќе како галерии за еднодневни случувања и евенти.
Кои се реакцииирте на тамошната дизајнерска сцена и публика на твојата работа?
-Реакциите се интересни, луѓето забележуваат работи што треба да бидат забележани во едно парче облека, среќни се кога ќе го сфатат. Ми се допаѓа што не се откажуваат од прва и даваат шанса на неколкуминутно размислување за еден крој, како е постигнат прототипот и тогаш застануваат, ја разгледуваат цела колекција и пробуваат парчињаа кои им се допаѓаат. Интересно е што пополекаклиентелата на Marigucchaси зазема некакво место на интимност, истите клиенти ми пишуваат да бидат известени за кога ќе учествувам на нареден саем.
Ги сакаш мултимедиалните претставувања , модните видеа и перформансите, што ќе издвоиш од твоето портфолио?
-Перформансите ми се слабост, сакам перформанс што ќе те изнесе барем за малку од овој свет. Последниот мој перформанс беше во мултимедиално претставување на моден триптих, кој се состоеше од Св. Вера, Св. Љуба и Св. Нада представени како модни креации, кој ги водеше едно мото, Адаме, зошто се криете?, заедно со модно видео во кое работеше цела екипа, и модна колекција пролет-лето 2015 произлезена од трите Светици.
Се занимаваш и со костимографија на театар и филм, кој се последните проекти на ова поле?
-Последниот филм на кој работев е „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчески. Моментално сè уште работам на претставата CapeFeare-Simpsons, во режија на Радулиан од Лондон и продуцент Флавиа Стамате од Букурешт.
Како почна твојата приказна со модата и како се роди Mariguccha?
-Mariguccha доаѓа од името на мојата баба, Влаинка, кое значи Марија, Дева Марија. Инаку, завршив факултет и мастер за моден креатор и костимограф во Букурешт на државната академија за уметност, а воедно две години бев асистент на истиот факултет. Работев во Романија на опера и неколку продукции за публицитет и филм. Имам изработено костими за повеке опери и театар, краткометражни и долгометражни филмови и реклами.
Нема коментари