Новата колекција за есен-зима 2017/2018 на македонскиот моден бренд „Астибо“, која неодамна беше промовирана со ревија во Штип, веќе е достапна на домашниот и на регионалниот пазар, следна цел е да се освои и остатокот од европскиот моден пазар.
- Новата есенска колекција веќе го има своето заслужено место, секако на македонскиот пазар, но и на пазарите на поранешните југословенски републики – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Косово и Албанија, благодарение на неуморното следење на трендот на женската мода и посетата на значајните светски саеми кои секогаш значат инспирација и иницираат избор на ткаенини од реномирани производители надвор од нашата земја-велат од модната куќа Астибо Basic.
Колекцијата ја одбележуваат впечатливите бои, ткаенините од жакард, цветните принтови кои се актуелни за оваа сезона и етно дезените…
-Прибирливоста, својствена за вкусот на жената, е мотивот да се остане достоен во потрагата за префинетост, што за Астибо Basic, претставува задоволство со кое константно освојува маркети и купувачи ширум светот. За квалитетот на изработката, зборува и соработката и производството за повеќе познати европски модни брендови, меѓу кои, со одличната соработка се издвојува и големиот Karl Lagerfeld- Chanel. Развојната компонента на брендот „Астибо“ е доверена на стручно квалификуваниот кадар, напорна работа и неуморната енергија која цели на успех, задоволни клиенти и задоволни купувачи. Страста кон работата и кон креирањето нешто поинакво, единствено, со светски признак, но претпознатлив македонски квалитет, резултираше со нова колекција есен-зима на брендот „Астибо“ – велат од компанијата.
Ви претставуваме избор на фотографии од ревијата која неодамна се одржа во Штип.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари