Одредени телевизиски серии остваваат впечаток со костимографијата и привлекуваат милиони следбеници токму поради стилот на главните ликови, по „Сексот и градот“, „Озборувачка“, „Маркетинг директори“, публиката е фиксирана на ликот на Куки Лајонс од серијата „Империја“ (Empire) и нејзиниот честопати нападен имиџ. Ако ja следевте првата сезона забележавте дека Куки сака животински принт, припиени модели, шарено крзно, масивен златен накит, скапи дизајнерски чанти, а новата сезона ја почнува во комплет од пачворк на тексас ткаенина и златен материјал од „Москино“, како што отркива промотивниот материјал. Како и Кери Бредшоу во „Сексот и градот“ и Куки се облекува во впечатливи комбинации во секоја пригода. Сега модниот стил на Куки еволуира од облека во шара на леопард и питон во скапи дизајнерски парчиња како фустани од „Гучи“ и Александар Меквин, но еднакво впешатливи и ексцентрични. Вечер и македонската публика на еден од кабловските канали може да ја гледа премиерата на втората сезона на серијата за музичката империја на семејството Лајон.
Нема коментари