Британскиот совет во Македонија одбележува 20 години работа со самостојна изложба на Дејмиен Хрст, еден од најпознатите современи уметници во светот, а отворањето е закажано за 22 јуни (среда), со почеток во 20 часот, во Музеј на современа уметност. Поставката „Нова религија“ е прва изложба на Хрст во Македонија и содржи 44 графики и четири скулптури. Делата ги истражуваат вечните теми: живот, религија, смрт и вера. Ова се главни теми на интерес на уметникот, фокусирајќи се на сложените односи помеѓу медицината и религијата, како и помеѓу уметноста и религијата.
Изложбата до сега е прикажана во Лондон, Осло, Москва, Венеција, Софија и Гдањск. Во Скопје, изложбата е по повод 20 годишнината од работењето на Британски совет во Македонија и е резултат на соработката со Галеријата „Пол Столпер“ и НУ Музеј на современата уметност Скопје.
Нема коментари