Генијалниот Дејвид Боуви подолго време нема нашишано оригинална музика, па неговите фанови се израдуваа што музичарот прифати да напише песна за новата криминалистичка драма „Последните пантери“ на британскиот телевизиски канал Sky Atlantic, која вчера објави само дел од долгочекуваната нова трака Blackstar:
Боуви ја напиша песната специјално за серијата и ќе оди во најавната шпица. Ова е првпат да напише оригинална песна за филм или телевизија по пауза од две децении. Серијата „Последните пантери“ почнува да се емитува на почетокот на ноември, а во главните улоги се појавуваат Саманта Мортон, Тахар Рахим, Џон Харт и хрватскиот актер Горан Богдан. Серијата од шест дела се занимава европското криминално подземје, а ја режира Јохан Ренк (Breaking Bad, The Walking Dead).
Нема коментари