Создадена за жените што сакаат беспрекорно хидрирана кожа, пудрата Max Factor Whipped Crème совршено го контолира сјајот и истовремено ја истакнува природната блескавост на кожата. Производот има лесна и воздушеста текстура, но гарантира ултимативна хидрантност. Како делува овој производ? Повеќето пудри во пенаста форма го сушат лицето, бидејќи најчесто не содржат вода во својата формула. Тоа може да доведе до насобирање на пудрата во сувите делови на лицето. Со цел да се избегне овој ефект, во „Макс Фактор“ создале пудра со двојно дејство, односно формулата на оваа пудра содржи вода и глицерин со што се хидрира кожата, додека силиконските матирачки честитки го контролираат сјајот. Оваа пудра што нуди полумат ефект се продава во четири нијанси, а веќе може да се најде на нашиот пазар.
Нема коментари