По успешните две колекции, авторка на блогот Man Repeller, Леандра Медин, дизајнира нова линија чевли. Станува збор за летни и разиграни модели: сандали, салонки, влечки, кломпи и обувки на висока платформа. Новите дизајни, како и претходните, се еклектични, шарени и забавни. Медин креира шест модели, кај кои се повторува уникатната плетена текстура. Меѓу нив има два вида влечки со полна плетена пета, плетени кломпи во црвена боја, две плетени салонки со отворена пета, и еден модел со три ремени во сина, бела и црвена боја-налик на американското знаме. Сандалите веќе се во продажба на Net-A-Porter.
Нема коментари