Во 2002 година дизајнерот Ив Сен Лоран ја покажа својата последна колекција на висока мода во Париз, а кутур-бизнисот на компанијата беше ставен во мирување. Но, вчера компанијата најави дека повторно се враќа во светот на високата мода, лансирајќи серија на креации преку кампања, проект кој почна да се развива не толку долго откако Хеди Слиман пред три години стана креативен директор на модната куќа. За потребите на високата мода Слиман ја рестраврираше зградата наречена Mansion Hotel de Senecterre, изградена во 17 век, сместена на левиот брег на Париз, која што ќе функционира како ателје и во која е снимена кампањата со новите креации.
Модната куќа и Слиман засега не планираат модна ревија за парчињата од висока мода, туку ќе работат со приватни клиенти кои ќе прават нарачки „од случај до случај“. Ателјето ќе произведува и рачно изработува парчиња за познати филмски ѕвезди и музичари, некогаш Слиман ќе биде лично инволвиран, тој ќе одредува кои од парчињата ќе носат рачно извезена етиката на брендот, а сите нарачки ќе бидат строго евидентирани во златна книга. „Сен Лоран“ со ова сака да понуди услуга која што е „поексклузивна“ од ексклузивната висока мода.
Нема коментари