Креативното студио сместено во срцето на Скопје, Simple, ја промовира новата колекција уникатни украси за домот, што ќе бидат достапни за продажба од 13 јуни. Концептуалниот бренд е основан пред само шест месеци, а ова е нивна втора колекција.
-Едноставните работи нè прават среќни, тие мали, пријатни моменти кои ги градат најубавите спомени. Едноставно е да си среќен, само треба да љубиш со целото срце. Во Simple го љубиме убавиот дизајн, го негуваме и растеме заедно. Нашето катче во кое секојдневно градиме пријателства се роди во Декември 2015 година и веќе шест месеци работиме како една мала креативна џунгла. Инспирирани од целодневно лежење во кревет, лежерен појадок со мирисот на убавото утринско кафе, во омилените пижами, го сплотивме дизајнот и домашниот декор во една нова креативна приказна. Произведувеме и нудиме нишка производи кои го запознаваат дом со квалитет, единствен стил и тренд. На наше огромно задоволство, новата, втора колекција со која се спремаме за летните денови е готова и веќе од 13 јуни, ќе биде достапна во нашето студио. Имаме многу изненадувања и нови производи, кои не беа застапени во првата колекција… Нема да откриеме за што се работи, ве очекуваме да видите сами – велат од Simple.
Нема коментари