Дизајнерката Силвија Михајловска од модниот бренд „Алшар“ сезонава претстави неколку колекции со разлнични инспирации, сега ни претставува нови креации од лускузни ткаенини кои се погодни како модни предлози на новогодишните забави.
-Колекцијата е наречена „Емили“ и е инспирирана од Емили Флоге, модна дизајнерка од Виена од времето на сецесијата и љубовница на сликарот Густав Климт. Изработена е од луксузни материјали исклучиво во црна боја, како кадифе и тантела везена со пулејки, еко-кожа со флорални мотиви кои што потсетуваат на сликите на Климт – ни откри дизајнерката.
Михајловска за новата колекција на „Апшар“ подготви и фотосесија во која позира Маја Илиоска. Фотографиите ги направи Никола Кметовски, шмнката и фризурата се Сергеј Варошлија, а за фотосесијата е изработен и соодветен накит од дизајнерката Елена Ристовска.
Нема коментари