Марфа во Тексас се дестинацијата каде што моделот и актерка Камила Роу патува во новата кампања на „Манго“. Таа е во фокусот на првата приказна од новиот дигитален проект со три кратки филмови на шпанскиот бренд. Краткиот филмот, промовиран деовиве, ја враќа Камила во 30-тите години, во времето на Бони и Клајд. Таа ја игра Бони Паркер која го буди својот авантуристички дух и заминува на патување низ пустините во Тексас. Во прикзната се члувствува микс од француската и американската култура, боемски стил и безгрижен неконвенционелн дух-со што ја прави идеален амбасадор на модерната страна на „Манго“. Облеката е неизбежен дел од самата приказна, а овој пат е со џинс парчиња, бохо блузи и кошули, кадифени колотки, цветни фустани, како и елеци, палта и кошули инспирирани до машата мода.
Покрај Роу, во проектот се вклучени и креaтивната директорка и модел Џулија Рестојн Ројтфилд и актерката и пејачка Алма Јодоровски. Секоја од овие дами е центарот на една од приказните инспирирана од еден аспект на нивната личност-модерност, женственост и позитивност, што всушност се и главните карактеристики на „Манго“. Џулија Рестојн Ројтфилд се појавува во вториот краток филм од овој проект, кој ќе биде промовиран во октомври оваа година. Тој ќе ја опфати женствената нишка на брендот претставена преку личноста на Џулија. Третиот филм, со Алма Јодоровски во главна улога, ќе биде пуштен во јавноста во ноември. Актерката позната по улогите во Blue is the warmest colour и Kids in Love, која исто така е дел од електро-дуото Burning Peacocks, е симбол за позитивноста.
Нема коментари