Елеганција со ретро призвук и урбана лежерност со париски шик доминира во новото дополнување на есенската колекција на популарниот бренд за секојдневна мода Massimo Dutti. Во едторијалот, кој го сними Грегориј Харис, се претставени клучните трендови за оваа сезона есен -зима 2017. Креациите се нова, освежена форма на класичните дизајни, со подобар квалитет и со актуелна примена. Понудени се плетени парчиња, џемпери , пуловери, ролки, во комбинација со костум од кадифе или со карирана шара. Застапен е лелеав црн фустан со точки, палто од меко крзно, сако со шаховски дезен,мантил и долги широки панталони. Кроевите иако се позајмени од машкиот ормар – ја нагласуваат женственоста. Комбинациите се заокружени со чорапа-чизми до над колена и лаковани мокасинки.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари