Шатирањето, бојадисувањето на прамени во различни бои со фолија, и други техники на колоритно разигрување на косата, изминатава година се почесто се заменуваат со омбре-техниката. На овој тренд налетав следејќи ги познатите светски блогерки , кои не само што ги наметнуваат трендовите во облекување, туку имаат голем удел во актуелизирање на одредени типови шминка и фризура. Голем дел од нив, без разлика на должината на својата коста или на бојата, имаа два тона на косата
Станува збор за бојадисување на врвот на косата во висина од 5 до 15 центиметри со посветол тон или со некоја воочлива, дреч-нијанса. Во зависност од должината на костаа и од начинот на кој е потстрижена тоновите се нанесени во една линија или брановито, во цик-цак , прамен по прамен. Најчесто се оди со топли , природни тонови, што се неколку степени посветли од годниот дел на косата.
Со ваквото тонирање на косата се добива блескав ефект, се нагласува волуменот и се освежува целокупниот изглед. Прави да изгледате поведро, подинамично, но и помладо. Кај девојките/жените со руса и темноруса коса, одлично прилегаат бебешко русите прамени, кај костенливата коса може да се примени широка палета на светли есенски тонови, кои се дрижат од медово руса, карамел, па сè до лешник кафена. Кај девојките со темнокостенлива или црна коса, препорачливи се сите нијанси на кафената боја, но и црвените паменчиња. Похрабрите може да пробаат светло розова или виолетова варијанта, нешто што беше хит мината пролет меѓу блогерките како Елеонора Кариси.
Омбре-техниката е многу популарна и меѓу филмските и ТВ-ѕвезди. Изминатава година вака бојадисани ги видовме Дру Баримор, Миша Бартон, Џесика Алба, Кејт Бекинсејл, Џесика Биел, Сара Џесика Паркер, како и Алекса Чанг, Ешли Симпсон, Лорен Конрад, Витни Порт и други. Тајната за атрактивната, разиграна и секси- фризура на топ-моделите на ревијата на „Викторијас сикрет“ лежи токму во оваа техника.
Омбре-бојадисувањето е многу поволно за покривање на недостатоци и нерамномерност во шишањето. Долколку не ви се допаѓа начинот на кој сте потшишани или сакате да ги израмнете степените, без да се потстрижувате, омбре-техниката може да помогне во постигнување на саканиот изглед. Долку сте нестрпливи да ви порасне косата носете неколку месеци омбре-техника и потоа изедначете ја коста во една боја. Ќе бидете изненадени од визуелната промена и ефеткот на порасната коса.
Бојадисувањето може да го обавите кај вашиот фризер, но и дома. Процедурата не трае повеќе од час. Фарбата се нанесува на сува коса, потоа треба да се почека 20-25 минути за да „фати“ бојата, по што се мие цела коса и се фенира.
Во продолжене е видеотуроријал на Into The Gloss за примена на омбре-техниката.
Нема коментари