И покрај постојаните тврдења за спротивното, минимализмот сè уште не е мртов. Последниве сезони се чини дека e под закана поради напливот на бохо-стилoви, принотови и максимализмот предводен од „Гучи“, но трендот кој номинално започна во 90-тите, продолжува да живее во дизајните на Нарцисо Родригез, Џил Сандер, Céline, Раф Симонс, The Row, COS… Можеби неодманешниот „normcore“ тренд е дел од тековната еволуција на цврстиот минимализам од 90-тите, но потоа доаѓа новиот минимализам кој следниов период ќе стане повлијателен.
Новиот минимализам се повикува на класичната гардероба, монохроматиката, момчешката естетика што ја вметнуваме во женската облека, но сега е во една пофлуидна и помека форма. Основа се консолидираните и едноставни комбинации, надградувањето на класичните парчиња, но тие сега добиваат нови форми, игра со пропорции, необични волуменозни делови, па и похрабри исчекори во вид на геометриски отпечаток и излегување надвор од црно-белата палета со интензивни и примарни бои.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари