По неколку месеци без главен дизајнер и креативен директор, дали „Диор“ конечно ќе назначи наследник на Раф Симонс!? Според најновите информации на Ројтерс, Марија Грација Кјури од модната куќа „Валентино“ доаѓа во „Диор“, а се претпоставува дека официјално ќе биде најавена после одржувањето на ревијата на висока мода што најавена за јули во Париз. Кјури заедно со Пјерпаоло Пичоли од 2007 година успешно креираше на куќата основана од Валентино Гаравани, а нејзиното заминување во „Диор“ ќе значи зголема загуба за италијанскиот бренд. Доколку е ангажирана во „Диор“, Кјури ќе биде првата жена главен дизајнер во 70-годишната историја на куќата.
Нема коментари