Рекламните кампањи на брендот „Версаче“ вообичаено се составени од студијски фотографии на сексапилни манекенки во провокативни пози, но Донатела Версаче се одлучи за поинаква кампања за колекцијата за есен-зима 2016/17 во која Џиџи Хадид и Карли Клос се претставени како запослени мајки во секојдневни ситуации. „Версаче“ со оваа кампања снимена од Брус Вебер ги отфрла луксузот и провокатиовноста и ги прифаќа семејните вредности. За новото издание на „Версаче“, Донатела вели: „Брендот е синоним за гламурозни креации за на црвен килим, но овојпат сакав да се фокусирам на дневна гардероба за моќни жени кои успешно се справуват со семејството и работата.“ Новата рекламната кампања за „Версаче“ во која Џиџи и Карли „глумат супермајки со своето семејство“, снимена е во Чикаго, а ангажирани се 27 модели, од кои 17 се избрани на кастинг на улица.
Нема коментари