Добропознатите класични темносини гумени влечки со три бели линии на спортскиот бренд „Адидас“ добија нов изглед. Новиот модел е бел со три црни линии, а наместо гумата сега се употребен полесен материјал. Новите влечки се поскапи од стандардните, и чинат околу 120 долари. Со оглед на тоа што во уличната мода на голема врата се вратија комбинациите со влечки, се очекува ова да биде едно од најносените парчиња ова лето.
Нема коментари