Концептуалниот простор на брендот Just Because на дизајнерката на накит Нина Симовска ќе добие нов изглед. Креативката деновиве го совежува просторот со нов дизајн и со повеќе жолта боја.
-Студиото сама го реновирав, со огромоно задоволство, бидејќи има убавина и во средување на просторот, особено кога си ги познаваш парчињата и знаеш најдобро кое каде може да стои. До мојата финална замисла има уште малку работа, затоа и се вика #almostthere. Не се презентирани новите производи, кои сè уште се во изработка. Тука спаѓаат дизајн на рачно изработени чанти и паричници, чаши (се мисли на дизајнот на принтот) и уште многу новости-вели Симовска која најавува дека продажниот простор кој се наоѓа во центарот на Скопје, близу некогашен „Кинг бургер“, ќе биде готов кон крајот на наредната недела.
Креативниот простор, кој истовремено е и ателје на креативката, функционира повеќе од една година. Таму се создаваат и продаваат нејзините ѓердани, обетки, масивни околувратници, детали за во домот, како и украсна амбалажа. Нина во нашата јавност се проби со уникатите изработени од патент, со кои покажа дека од обичниот придружен елемент од облеката, може да се направат екстравагантни ѓердани, обетки, алки и украси за на чанта. (А.Н.)
Нема коментари