Затворени и топли ролките се зимска класика на која секогаш ѝ се враќаме во студените месеци. Дебела и плетена, или пак тенка и елегантна погодна за слоевито облекување, ролката сезонава ќе ја носиме на современ начин и во непредвидливи комбинации. Знаеме дека ролката е сестрано модно парче и лесно се комбинира со остатокот од облеката, но ние предлагаме да ги избегнете класичните стајлинзи и да изберете поеклектични комбинации. За оваа зима се извојуваат долгите и предимензионирани ролки кои одговараат со широки здолништа, или оние едноставните и потенки кои се носат под комбинезон, фустан или карирано сако. Ни се допаѓа и кога ролката е споена со сатенско миди здолниште, брокатни/ металик панталони, а необично изгледа и кога се носи со светкаво здолниште со пулејки. На Инстаграм видовме и модели во јаки бои и во флуоресцентни тонови кои ќе и се допаднаат на оние со посмел стил.
Нема коментари