Големите и надуени јакни полнети со пердуви асоцираат на спортска и на облека за скијање, парче кое прсвенствено ќе ве заштити од зимскииот студ. Но, тоа не значи дека треба да бидат немодерни, еднолични и да се носи само на снег. Дизајнерите и брендовите кои одлучија да го отстранат вистинското крзно од своите колекиции, во овие јакни најдоа алтернатива за зимска облека. И понудија разни верзии – кратки, долги, во неутрални нијанси, но и во интензивни бои. Комбинациите со пердувеста јакна можат да бидат женствени и стајлиш, што е добредојдено, бидејќи ќе ги носиме во следните три месеци. Како доказ, еве инспиративни стајлинзи на стилските ѕвезди кои направија компромис меѓу модата и практичноста.
Нема коментари