Како што заладува од плакарите ги вадиме нашите мантили, она безвременско модно парче кое што е иделано за овој период од годината. Тие се модни предвесници на есента и дел од гардеробата што препорачуваме да го поседувате. Иако предлагаме да набавите мантил со класичен изглед, како што се на пример оние на „Барбери“, добро е да си поиграте и со новите форми и трендови – мантил со животински принт, кожен или лакован, со деконстуиран крој, во смела боја, со асиметричен крој… Како тоа изгледа, земете пример од ѕвездите на уличната мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари