Еден од оние модни споеви кој се смета за модна грешка и долго време погрдно се нарекува Canadian Tuxedo е комбинацијата од кошула и фармерки. Легендата вели дека разговорниот израз „канадски смокинг“ (носење на тексасна кошула или тексас јакна со тексасни фармерки), потекнува од 1951 година, откако на Бинг Крозби му бил одбиен влез во хотел во канадскиот град Ванкувер, бидејќи бил облечен целосно во тексасна облека. Евентуално го пуштиле да влезе бидејќи бил познат водител, а познатата компанија Levi’s го искористила моментот и му направила сако од тексас со големи ревери – така што никогаш нема да има проблеми со носењето на тексас, дури и во луксузни установи. Оттогаш терминот се користи најчесто со потсмев, означувајќи не баш моден изглед и често е предмет на мемиња. Еден од познатите Denim & Denim изгледи во поп културата е кога тогашните тинејџерски звезди Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк се појавија во комплетно тексксасни комбинации на доделување на музички награди. Нивниот изглед и до денес се смета за еден од најлошите меѓу славните.
Настрана потсмевот, комбинацијата на тексасна кошула и фармерки може да изгледа доста стајлиш. Фармеркте се моден евергрин и ретко кој не ги носи, а тексасните кошули и јакни дожувеаја камбек последниве сезони. Она што некогаш се сметаше модна грешка, се пренесе на модните писти и во уличната мода, а за пример како складно и со стил да се носи , се инспририраме од стилските познавачи и влијателни девојки. Се чини тајната за успешен тексас + тексас изглед е во изборот на квалитетни парчиња со модерен изглед, начинот на кој се комбинираат со други детали, и најмногу, од самодовербата стекната со градењет на личен стил и вистински став.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари