Славните креатори Том Форд и Раф Симонс ќе добијат почесни признанија и на годинешните модни награди CFDA, во соработка со Swarovski. Покрај имињата на добитниците на специјалните награди, вчеравечер на церемонија водена од Најда Сваровски и Дајан фон Фурстенберг како претставничка на CFDA, беа сооптени и номинираните во повеќе категории. Победниците ќе бидат обелоденети на 2 јуни.
Во категоријата за најдобар креатор на женска облека номинирани се Александар Ванг, Џозеф Алтузара за „Алтузара“ и Марк Џејкобс. За наградата за најдобра машка облека ќе се борат Максвел Озборн и Дао Ји Чоу за Public School, Маркус Вејнрајт и Дејвид Невил за Rag & Bone и Том Браун. Статуетката за најдобар дизaјнер на модни додатоци ќе отиде во рацете на еден од трите кандидати: Александар Ванг, Лазаро Хернандез и Џек Мекалег за Proenza Schouler како и сестрите-близначки Ешли и Мери-Кејт Олсен кои гстојат зад брендот The Row.
За Swarovski наградат за женска облека номинирани се Шејн Гебиер и Кристофер Питерс за Creatures of the Wind, Роузи Асолун и Вес Гордон, за машки креации кандидати се: Том Купенс, Тод Снајдер и Шејни Оливер за Hood by Air. За Swarovski признанието за најдобри модни додатоци номинирани се Ајрин Ноиврт, Џенифер Фишер и Марк Алари.
Том Форд ќе ја добие специјалната награда за животно дело, Geoffrey Beene, а Раф Симонс ќе го прими интернационалното признание. Мадиумската награда во чест на Евгенија Шепард, ќе ја добие Пол Кавачо. Статуетката за основач на годината, во чест на Еленор Ламберт, ќе ја добие Бетан Хардисон.
Нема коментари