Ресторанот „Нома“ во Копенхаген, во кој главен готвач и косопственик е славниот Рене Реџепи, Данец по татко со потекло од Македонија, повторно е прогласен за најдобар во светот по изборот на The World’s 50 Best Restaurants. На доделувањето на гастрономските оскари во Антверп, Белгија, Реџепи емотивно се заблагодари за наградата и посочи дека ништо не би било можно без неговиот борбен тим кој се труди да ја заврши работа најдобрата што може.
„Нома„беше прогласен за најдобар ресторан во светот во 2010, 2011, 2012 и 2014 година, пред да се затвори во 2016 година и да се пресели на нова локација во 2018 година. „Нома 2.0 е“ повторно во врвна форма, бескрајно ги воодушевува гостите со иновативни менија за дегустација. Рене Реџепи со години е во врвот на кулинараството, а преку својот ресторан „Нома“ ја промовира новата нордиска кујна, употребата на локални и органски намирници, а фокус става на ферментирањето на храната.
View this post on Instagram
Нема коментари