Новогодишното украсување вообичаено подразбира елка со лампиони и светкави сијалички, но тенденциите во празничното декорирање охрабруваат поинаков и неконвенционален начин – наместо елка украсете скала. Испробајте нешто друго, земете дрвена скала во големина што ви се допаѓа и одговара на димензијата на домот, таа може да биде во рустикален или полуксузен изглед, и на неа наредете го новогодишниот декор. Украсете ја со лампиони или други омилени декораци, само со еднобојни сијалички за поминималистички изглед или искористете ја скалата како место каде што ќе ги чувате новогодишните и божиќните подароци, поставувајќи даски попречно на скалата за да се добијат полици. Една од варијантите е еднодимензионална скала, односно поставување на неколку дрвени прачки на зид во вид на елка. Овој необичен тренд ја заменува класичната елка во помалите станови, бидејќи завзема минимален простор.
Нема коментари