Карл Лагерфелд ги испрати манекенките да чекорат низ шума за да ја претстават колекцијата за есен-зима 2018/19 на „Шанел“. За своите ревии во рамките на Париската модна недела дизајнерот секогаш прикажува различна сценографија во просторот на Grand Palais, на денешната ревија тоа беше амбиент на шума во есен, надополнет со дрвја и лисја расфрлани на подот. Како и секогаш Лагерфелд успева на ревиите да ги собере своите пријателки и музи, па во првиот ред на денешната ревија на „Шанел“ седеа Карла Бруни, Кира Најтли, Лили Ален, Кара Делевин, Ванеса Паради… Колекцијата во која манекенките парадираа по листовите во шумата на „Шанел“ е микс на стилот од 80-тите и класиците на модната куќа како твид, фустани од црна тантела и долги ракавици. Ревијата почна со креации во претежно неутрални бои, како црна и сива, подоцна се воведуваат парчиња во интензивни нијанси на портокалова, розова и сина. Црните фустани и долгите ракавици без прсти го најавија крајот на дефилето. Впечатлив дел од колекцијата се модните додатоци – дебели шалови и ракавици во јаки бои, крупни обетки и ѓердани, големи чанти и златни чизми.
@chanelofficial into the forest with just the right attitude for f/w 2018 A post shared by Nina Garcia (@ninagarcia) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари