Актерката Нина Добрев пред неколку денови откри дека ќе соработува со Dior Beauty и дека новото парнерство ќе подразбира таа да ги носи производите за шминкање и парфемите на куќата. Нина веќе некое време „другарува“ со „Диор“, често носи креации на оваа модна куќа, но сега ќе биде и заштитно лице на шминката на „Диор“. Нина денес живее и работи во САД, но е родена од Софија, Бугарија, и уште од мала често патувала, и сега се потсетува дека често по аеродромите ги загледувала рекламите на „Диор“ и им се фасцинирала.
„Секогаш сум се огледувала на „Диор“, ја чувствувам таа безвременска елеганција на секој начин“, вели таа и откри дека помилени производи од бјути колеккцијата на куќата ѝ се карминот Rouge Dior Ultra Care Lipstick (во црвена боја, односно нијансата 999), пудрата Forever Foundation и парфемот Miss Dior Eau de Parfum, кој го користи со години. „Мислам дека Miss Dior е мирис што секогаш ме асоцира на грациозност и безвременост. Ова е веројатно првиот козметички производ што го препознав, купив и користев уште како мало девојче.“
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари