Некогашната ѕвезда на реалните шоуа, сега активна како дизајнерка, Никол Ричи, се појавува на насловната страница на јулското издание на австралиски Elle. Фотосесијата е во стилот на циркус или карневал, каде што Ричи носи свечени креации од пролетната линија на Louis Vuitton, а стајлингот е на Никол Бонитон-Хајнс. Фотографиите за Elle Australia ги сними Џастин Коит. Ќерката на славниот Лајонел Ричи, која беше позната по забавите со својата екс- најдобра пријателка Парис Хилтон, сега има две деца и води смирен семеен живот.
Нема коментари