Американскиот козметички бренд MAC е препознатлив не само по квалитетните производи кои се омилени и на нашата сцена, туку и по инспиративните колекции и соработки, последната е ултра шарена, барем кога е опаковката во прашање. Именувана како Chris Chang of Poesia колекцијата е инспирирана од старата кинеска уметност Кунгу, а е резултат на соработката со кинеската дизајнерка Крис Чанг која е позната по својот бренд Poesia. Содржи три нови бои на руменило, ајлајнери и кармини и сенки за очи во забавни бои како виолетова, жолта и тиркизна, кои се одлични за оние кои сакаат да експериментираат со шминката.
Нема коментари